Попович им забрани мобилни телефони на НБА ѕвездите

Грег Попович, селекторот на репрезентацијата на САД, одлучи да ја подобри атмосферата помеѓу кошаркарите и им забрани да користат мобилни телефони за време на заедничките вечери.

Тренерот на Сан Антонио смета дека еден од условите за успех на Светското првенство во Кина е изградба на „хемија“ помеѓу репрезентативците.

– На сите им е јасно како функционираатр спортските екипи. Кога ќе иградите чувство на одговорност, грижа и љубов помеѓу играчите, секогаш се добри резултатите. Затоа ние доста време поминуваме заедно и надвор од терените, разговараме за разни работи, за сопругите, девојките, децата. Веќе одиме на вечера без мобилни телефони за да може да зборуваме помеѓу себе. Кога екипата е нова, како нашата, вакви чекори не смеат да се пропуштат – вели Поповиќ.

Репрезентацијата на САД на Мундобаскетот во Кина доаѓа како бранител на трофејот, и во групата Е за противници ги има Јапонија, Турција и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот