Попова Шапка може да достигне и сто дена ски-сезона, нов снег овие два дена

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Ски центарот Попова Шапка до денеска има 80 дена со снег во кои работеле ски-лифтовите и жичниците, односно се одвивала скијачката сезона. Овие два дена интензивно врне нов снег, па до крајот на март е голема можноста да се достигнат и 100 дена ски-сезона.

– Ски сезоната започна на 16 декември и од тогаш само три дена не работеле ски-лифтовите. Два дена врнеше дожд и еден ден немаше електрична енергија. Вчера и денес паѓа нов снег после три недели. Моментно се обработуваат патеките за да биде скијалиштето подготвено. Колку ќе трае ски сезоната не може да се каже, нема правила колку ќе трае снегот, може да трае цел март и цел април но може да се стопи за една недела, вели Живко Алексовски, раководител на ски-центарот.

Ски-центарот на 29 јануари ја пушти во употреба и новата шестоседа жичница која е најатрактивна и посетена од скијачите и сите други посетители. Воедно од 4 февруари е овозможено и ноќно скијање во петок и сабота од 19 до 22 часот на патеките Поток 1 и Поток 2 на кои има можност за осветлување со помош на рефлектори. Работат и ски-лифтовите Свети Илија, Поток 1, Поток 2, Аеродром и Ге, а не работи само Церипашина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот