Попова: Дали новиот купувач на Градска куќа однапред се знае?

Фото: Принтскрин/ВМРО-ДПМНЕ

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова вели дека постои сомнеж дека новиот купувач на Градска куќа однапред е познат и дека станува збор за бизнис со компанија од странство.

– Јавно прашуваме дали новиот купувач на Градската куќа однапред се знае? Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе „бомбона“ бизнис со една компанија од странство. Дали е точно дека е во игра зградата на поранешното ЕСМ и дали се во прашање провизии. Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори. Две години Шилегов, две години лаги, криминал и неработа – вели советничката Попова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот