Попов: Правото на глас е обврска и тоа луѓето треба да го земат најсериозно (ВИДЕО)

Самата кампања е за правото и обврска за глас. Гласав и на првите повеќепартиски избори. Многу одамна ми е јасно дека правото на глас е обврска и тоа луѓето треба да го земат најсериозно. Гласањето е едно од битни орудијата за зацврстување на демократијата во нашата земја, изјави во телефонско јавување во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ музичарот Мирко Попов.

-Да бојкотираш демократија и демократски процес е многу арогантно. Да се замислуваш дека ти си подобар од овој свет не е во ред. Бојкотирањето во исто време е најглупавиот начин да се прати порака. Имаме еден куп од оние кои сакаат да видат како светот гори и демократијата пропаѓа, вели Попов и додава дека понуда секогаш постои и давајќи глас се јакне демократијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот