Попоски: Во недела дестабилизирање на времето

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

На повисоките планини над 1700, 1800 метри надморска височина ќе има врнежи од снег.

До крајот на денов како и утре во нашата држава ќе се задржи стабилно, суво и сончево време. Сепак утре попладне и навечер ќе има појава на умерена локална облачност. Денес ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, прогнозира Славчо Попоски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Во недела ќе има повеќе облаци, веќе во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд, истите ќе продолжат и во понеделник и ќе се прошират на повеќе места. На повисоките планини над 1700, 1800 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Потоа во вторник се очекува стабилизирање на времето и престанок на врнежите.

Потоа во текот на следната недела, поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе има пораст на температурите на воздухот. Во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат до околу 15 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот