Попоски: Следува релативно топло време

Славчо Попоски / Утрински брифинг

До крајот на денот под влијание на југозападно воздушно струење, ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, особено во попладневните и вечерните часови во западните предели ќе има услови за слаби локалени врнежи од дожд, на планините снег.

Понатаму и во следните два до три денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, на повисоките планини од снег. И утре ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец, во четврток ветерот ќе го промени својот правец во северен, ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните предели од државава а услови за локално провејување на снег ќе има и на повисоките места.

Во среда максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 7 до 15 степени, во четврток истите ќе бележат тенденција на не многу голем пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Минималните температури пак особено во петок наутро на повеќе места ќе се спуштат не многу под нулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот