Попоски: Незначителен пад на максималните дневни температури

И во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена облачност.

До крајот на денов ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност, додека по котлините, особено во текот на претпладнево и повторно во вечерните часови ќе има магла и ниска облачност. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, вели за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, Славчо Попоски.

И во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена облачност. По котлините ќе има магла и ниска облачност, особено наутро и претпладне, и повторно во вечерните часови. Локално повеќе облаци ќе има во недела кога особено на повисоките и планинските места ќе има услови за локално провејување на снег, исто така во недела и во понеделник ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот ќе ги намали условите за магла по котлините.

Минималните температури и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, максималните пак за време на викендот ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот