Попоски: Дожд, па стабилизација и затоплување на времето

Во вечерните часови услови за повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места (над 1100 м.н.в).

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно облачно време а од запад уште во текот на претпладнево ќе започнат врнежи од дожд. Во текот на денов врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2), на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, метеорологот Славчо Попоски.

Во вечерните часови услови за повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места (над 1100 м.н.в). Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет, во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Прочитајте и...  Помпео уште еднаш и честита на нашата држава за влезот во НАТО

Потоа во текот на утрешниот ден локално сеуште ќе има малку повеќе облаци а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од северен правец, во недела времето пак ќе биде претежно сончево. Наутро температурите на воздухот на многу места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, малку потопло се очекува да биде во крајните југоисточни предели.

Стабилно, суво и сончево време ќе имаме и на почетокот од следната недела, максималните дневни температури на воздухот на многу места ќе се искачуваат над 10 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 20 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Сето ова ќе биде поради влијанието на значително потоплата воздушна маса од југ.

Прочитајте и...  Филипче: Нема групни карантини за лекарите, дел од нив ротираат и се на повик од дома

Прочитај повеќе

Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Слободен печат

Социјално загрозените семејства ќе земаат гарантирана минимална помош од 4 до 10 илјади денари

Слободен печат

Петмина шумски работници загинаа во експлозија во Турција

МИА Агенција

Кризниот штаб Куманово бара уште пунктови за тестирање и донесе други мерки

Слободен печат

ЕУ ги одобри мерките за најранливите групи

Слободен печат

Почина родилката која беше позитивна на Ковид-19

Горан Наумовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Почина родилката која беше позитивна на Ковид-19

Горан Наумовски

Војтех: Најлошото сценарио во Чешка помина

Слободен печат

Избрани 16 решенија на јавниот повик КРЕАТОН

Слободен печат

Уапсен маж во Црна Гора кој преку Вибер споделил список на заразени со коронавирус

Слободен печат

Оваа земја во потполност го спречи ширењето на коронавирусот, видете како успеа да ја победи заразата

Слободен печат

Можете да се кладите дали ќе се открие вакцина за коронавирус пред 31 декември

Слободен печат