ПОПЛАВИ ВО ИНДИЈА: 16 мртви, 140.000 луѓе се раселени

Најмалку 16 лица ги загубија животите во поплавите по обилните врнежи во западноиндиската држава Махараштра, а раселени се повеќе од 140.000 луѓе, соопштија денеска локалните власти.

Илјадници камиони се заробени на националниот автопат што ги поврзува Мумбај и Бангалор, бидејќи патиштата се поплавени на неколку места.

Метеоролозите најавиле нови обилни врнежи од дожд во текот на следните три дена, поради што властите испратија повеќе тимови за спасување во загрозените области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот