Поплави во Александрополи: Пожарникар загина при евакуација на ученици

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Во невремето со обилен дожд што од синоќа го зафати регионот Еврос и предизвика поплави во градот Александрополи во североисточниот дел на Грција, денеска биле спасени деца од градинка, како и ученици од основно училиште, а загина еден пожарникар, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавија дека пожарникарот загинал додека се упатувал кон училиштето за да им помогне на учениците, со возилото заглавил во надојдена вода, што го повлекла кога излегол од возилото.

Смртта на 46-годишниот пожарникар ја потврдија и од Противпожарната служба на Грција и соопштуваат дека бил повлечен од надојдената вода од канал, во моменти додека бил на служба.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА  во село во општина Александрополи, со помош на Противпожарната служба на Грција биле пренесени на безбедна локација 21 дете и двајца вработени во детска градинка, како и 100 ученици и нивните наставници од основно училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот