Попладне се очекува пороен дожд и грмежи

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Времето денеска се очекува да биде исто како и во текот на вчерашниот ден. Според прогнозите од УХРМ во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе биде од 13 до 20, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 32 степена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот