Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), можна е изолирана појава на град и тоа претежно на југот од земјава.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, а во Скопје ќе достигне до 17 степени целзиусови.

Утре и в четврток ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд во попладневните часови, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот