Попладне нестабилно со пороен дожд, од вторник стабилизација на времето

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Времето околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 24 до 34 степени, а УВ индексот е 7, информира УХМР.

Во Скопје е променливо облачно, а попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Tемпературата ќе достигне 31 степен, релативната влажност 77 проценти, а ветерот пет метри во секунда.

Според УХМР, во следните два дена во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот