Поп ТВ: Таен американски авион слета на Брник

Авионот полетал од воена база во близина на Вашингтон, слетал на Брник и не бил пријавен како цивилен.

Таен авион со американски ознаки вчера слетал на љубљанскиот аеродром „Брник“. Ова го јавија словенечките медиуми според кои се работи за летало обележано со боите на американската влада.

Авионот полетал од воена база во близина на Вашингтон, слетал на „Брник“ и не бил пријавен како цивилен.

Според информациите на Поп ТВ, се работи за рутински тренажен лет. Леталото е од типот „Боинг Ц40“ со ознаки 01-0041.

Овие авиони се коритат за „посебни намени“, што според познавачите значи дека се опремени со голем број софистицирани комуникациски системи. Овој тип на летала се користат за воени цели, а во нив се превезуваат и високи државни делегации.

Publiée par Slovenski letalski portal – Slovenian Aviation Site sur Samedi 11 janvier 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот