Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика

Адријана Поп Арсова во Орегон настапи на маратонската трка/Фото: facebook.com/adrijana.poparsova

Од 15 до 24 јули во Орегон (САД) ќе се одржи 22 Светско првенство во атлетика и на кое Адријана Поп Арсова ќе биде единствениот претставник од Македонија во дисциплината маратон.

На ова СП за сениори ќе учествуваат 1900 натпреварувачи од вкупно 190 држави во светот.

Во дисцилината маратон, во конкуренција на 48 маратонки, ќе настапува и нашата рекордерка, членка на АК „Делта“, Поп Арсова, која оваа година успеа да постигне резулатат кој е најблиску до нормата.

Согласно програмата, нејзината дисциплина е предвидена за 18 јули со старт 06.15 ч. по локално време, односно 15.15 часот по македонско време.

Таа заедно со својот тренер Димитар Петровски, заминаа за САД.

Видео на денот