Поп Ацев заврши 13. на маратонската трка на СП во Гванжу

Фото: Vicky Boutin

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев се пласираше на 13. место на трка на 25 километри на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гванжу, Јужна Кореја.

Тој делницата од 25 километри ја исплива за 4.54:39.9 часа, што беше само три минути послабо време од тоа на светскиот шампион, Аксел Рејмонд. На второто место се пласира Кирил Балјаев од Русија, додека Италијанецот Алесио Очипинти беше третопласиран. На трката учествуваа 24 пливачи, од кои 22 ја завршија.

Евгениј Поп Ацев претходно настапи и на трката на 10 километри на која го освои 51. место од 63 натпреварувачи.

На СП во Гванжу, Македонија има уште четири пливачи, Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот