Поп Ацев заврши 13. на маратонската трка на СП во Гванжу – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Поп Ацев заврши 13. на маратонската трка на СП во Гванжу

Тој делницата од 25 километри ја исплива за 4.54:39.9 часа, што беше само три минути послабо време од тоа на светскиот шампион, Аксел Рејмонд.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев се пласираше на 13. место на трка на 25 километри на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гванжу, Јужна Кореја.

Тој делницата од 25 километри ја исплива за 4.54:39.9 часа, што беше само три минути послабо време од тоа на светскиот шампион, Аксел Рејмонд. На второто место се пласира Кирил Балјаев од Русија, додека Италијанецот Алесио Очипинти беше третопласиран. На трката учествуваа 24 пливачи, од кои 22 ја завршија.

Евгениј Поп Ацев претходно настапи и на трката на 10 километри на која го освои 51. место од 63 натпреварувачи.

На СП во Гванжу, Македонија има уште четири пливачи, Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close