Понуда која не се одбива: Зидан наредното лето во Серија А!?

фото: твитер

Ањели, првиот човек на Јувентус, подготвен да му понуди на францускиот тренер договор на три години, вреден седум милиони фунти годишно.

Францускиот тренер и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, никако да најде заеднички јазик со претседателот Флорентино Перез, поради што би можел да го напушти клубот, кој во првиот тренерски мандат донесе три титули по ред во ЛШ.

После лошите епизоди со Солари и Лопетеги, Перез одлучи да го врати Зидан на клупата, сезонава испадна тимот од Кралскиот куп, го освои Суперкупот на Шпанија, а со победата во „Ел Класико“ ја прескокна Барса и се врати на врвот на табелата.

Но, од друга страна во ЛШ се во лоша ситуација, останаа без капитенот Рамос во поразот од Манчестер сити (1:2) на „Бернабеу“ во осминафиналето, па ќе имаат тешка задача на реваншот на „Етихад“.

Поради тоа се шпекулира дека голема желба на Јувентус е Зидан да седне на тренерската клупа на италијанскиот фудбалски шампион.

Кон таа цел првиот човек на екипата Андреа Ањели веќе подготвува понуда која Французинот тешко ќе ја одбие, односно подготвен да му понуди договор на три години вреден седум милиони фунти годишно.

Своевремено како професионален играч настапуваше за Јувентус, двапати ја освои титулата во Серија А во сезоните 1996/97, 1997/98, а воедно доаѓаше до трофеи во Суперкупот на Италија, УЕФА Суперкупот и Интерконтиненталниот куп.

Како тренер на „кралскиот“ клуб досега еднаш ја освои „Ла Лига“, по двапати Суперкупот на Шпанија, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство, а трипати Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот