Понижувачка понуда за Погба, останаа уште 72 часа!

EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Англиските медиуми информираат дека Реал за Погба нуди „само“ 35 милиони евра плус Хамес Родригез, што секако веднаш беше одбиено од Манчестер Јунајтед.

Цената за Погба останува иста, а таа е околу 180 милиони, за „кралевите“ веќе станува загрижувачки што преодниот рок завршува в четврток во 18.00 часот.

Но, од друга страна менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер е сигурен дека Французинот ќе остане и нема да бара замена за него.

Отпадна опцијата Бруно Фернандеш, го очекуваат наскоро Хари Мегваер, се очекува да го продадат Ромелу Лукаку, а најверојатно доаѓа и хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Реал нема време, не може да собере пари, шанса им е да се ослободат од услугите на Герет Бејл, единствено понуди има за Мариано, но тој нема да ја наполни „касата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот