Поништени сите гласови на бошњачките партии во општините со српско мнозинство во Косово

Косово избори 2021/ Фото: МИА

Изборниот панел за поплаки и претставки на Косово (ПЗАП) одлучи денеска да ги поништи целосно гласовите што на вонредните парламентарни избори на 14 февруари ги добија партиите на Бошњаците во општините со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со оваа одлука ПЗАП делумно ги прифати поплаките на неколку политички субјекти на немнозинските заедници, кои ја обвинија најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) дека ги фалсификувала резултатите со цел да победат неколку кандидати на партиите на помалите заедници, кои потоа ќе бидат контролирани од неа.

За неважечки се прогласуваат сите гласови на бошњачките партии во општините Зубин Поток, Штрпце, Ранилуг, Грачаница, Партеш, Клокот и Ново Брдо. Освен тоа делумно се поништени гласовите на субјектите Обединета заедница Адријана Хоџиќ (УЗ-АХ)  и Коалиција ВАКАТ. На УЗ-АХ се поништени гласовите во Звечан, Лепосавиќ и Северна Митровица, додека на ВАКАТ во Лепосавиќ.

Одлучувајќи по поплаката на неколку партии на ромската, ашкалиската и египќанската заедница, ПЗАП одлучи да ги поништи гласовите на политичкиот субјект Романи Инициатива.

Според Уставот и законите на Косово, десет од 120 места во републичкото Собрание се загарантирани за претставниците на српското малцинство, а исто толку и за политичките субјекти на другите шест немнозински заедници во Косово – Турците, Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и Горанците.

По прогласувањето на конечните резултати од изборите на 14 февруари од страна на Централната изборна комисија, до ПЗАП беа поднесени 210 поплаки и претставки. Во законскиот рокод 72 часа, Панелот одлучи целосно или делумно да прифати 25 од нив, додека останатите ги отфрли како неосновани, нецелосни или задоцнети. Последна инстанца во која можат да се поднесат поплаки по одлуката на Панелот, е Врховниот суд на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот