Пончото на Меланија Трамп: Доказ како најобичната комбинација во секунда станува врвна! (ФОТО)

Кога станува збор за стилот на облекување, од првата дама на Америка дефинитивно имаме што да научиме…

Во желба да излегаат што поубаво и помодерно, жените често изведуваат разни модни „акробации“ и купуваат мноштво скапи парчиња, не сфаќајќи дека врвниот изглед и совршената комбинација за облекување е потребно малку.

Доказ за тоа е првата дама на Америка, Меланија Трамп, која при последното јавно појавување ги воодушеви земјите, но и модни критичари.

профимедиа

Нејзиниата модна комбинација толку е едноставна, а толку елегантна, бидејќи се состои од неколку клучни, класични парчиње кои никогаш не излегуваат од мода и веќе со децении се наоѓаат на списокот на парчиња кои секоја жена треба да ги има во својот ормар.

Станува збор за црни пантолони, црна ролка и црни антилоп чизми со висока штикла, а монотонијата на комбинацијата убавата Словенка совршено ја разби со ефектно пончо во камел боја со сиви и темносини детали.

профимедиа

На првата дама на Америка сето тоа толку едноставно изгледаше, а така совршено скоцкано, по што сите се сложија дека изгледа апсолутно феноменално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот