Помпео збунет: Сепак не сме сигурни дека коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД не се сигурни дека коронавирусот потекнува од лабораторијата во кинескиот град Вухан, иако неодамна тврдеше дека постојат бројни докази за тоа.

Помпео во интервју за Фокс Бизнис вчера изнесе двосмислени тврдења.

Прво рекол дека има „видео докази“ дека коронавирусот веројатно поттекнува од Институтот за вирусологија во Вухан, а потоа додал дека би бил „среќен да ги види доказите кои го демантираат“.

Тој нагласил дека нема контрадикции меѓу неговата позиција и коментарите на некои високи американски функционери кои изнеле сомневања во неговата теорија.

– Не сме сигурни. Но постојат значајни докази дека вирусот пристигнал од лабораторијата. Двете тврдења можат да бидат точни и јас двете ги изнесов. Администрацијата ги изнесе. Сите се точни, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот