Помпео во петок ја започнува својата турнеја низ Европа и Блискиот Исток

Мајкл Помпео EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео од 13 до 23 ноемви ќе ги посети Франција, Турција, Грузија, Израел, Обединети Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија, соопшти денеска прес-службата на американскиот Стејт департмент.

Помпео во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, министерот за надворешни, Жан Ив Ле Дријан и други високи службеници за да се продолжи со трансатлантската соработка околу прашања поврзани со економијата и безбедноста, како и околу проблемот со тероризмот и глобалните закани.

Од Париз, државниот секретар заминува за Истанбул каде треба да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, и ќе разговара за верските прашања во Турција и регионот, со намера да се потврди истакне тврдата позиција на САД околу верските слободи во целиот свет.

Потоа, Помпео оди за Грузија, на средба со претседателката Саломе Зурабишвили и со други официјални лица, како и со архиепископот на правиславната црква во Грузија.

Државниот секретар потоа ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, за разговори околу „договорот Абрахам” и заедничките напори околу борбата со злонамерните активности на Иран.

Потоа, тој оди во ОАЕ на средби со престолнаследникот, принцот Даби Мухамед бен Саид, и во Катар на средба со министерот за надворешни работи, Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани, каде ќе се разговара за соработка во областа на безбедноста и регионалните прашања, како важноста од единство на Персискиот залив. Помпео турнејата ја завршува во Саудиска Арабија на средби со принцот престолонаследник Мухамед бен Салман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот