Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за тензиите меѓу Грција и Турција во источен Медитеран, пренесува Бета.рс.

Помпео кој вечерва доаѓа во официјална посета на Грција, на Твитер напиша дека со Столтенберг разговарал за „деескалација на ситуацијата во источен Медитеран“ и повторно „укажа на важноста од единство во НАТО“.

Тензичните односи меѓу Грција и Турција, двете членки на НАТО, додатно се влошија годинава, заради долготрајните спорови меѓу кои и прашањето околу морските граници и правата за пребарување на наоѓалишта за нафта и гас во источниот дел на Средоземното море.

Грција во спорот има голема поддршка од Франција.

Помпео треба да пристигне во Солун околу полноќ, во рамки на петдневната тура во Европа, при што ќе ги посети и Италија, Ватикан и Хрватска.

Стејт департментот наведе дека Помпео ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи, Николаос Дендиас за да поттикне заедничка посветеност на двете земји во зајакнување на безбедноста, мирот и просперитот во источниот Медитеран и укажа на најдобри односи на Вашингтон и Атина во повеќе децении.

Помпео во Грција ќе остане до среда кога лета за Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот