Помпео уште еднаш и честита на нашата држава за влезот во НАТО

Мајк Помпео во посета на Македонија во октомври 2019 година/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално”.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска уште еднаш и и честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО.

На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално”.

-Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео.

Денешната прес-конференција на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекаде низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот