Помпео: Територијата на Ирак не е користена за напади

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Откако Ирак демантираше дека неговата територија е користена за извршување напади врз нафтени објекти во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека САД располагаат со информации кои ги потврдуваат наводите на Багдад.

Помпео тоа му го пренесе на ирачкиот премиер Адел Абдул Махди во телефонски разговор.

– Американскиот државен секретар истакна дека информациите со кои располагаат САД ги потврдуваат наводите на ирачката Влада дека територијата на Ирак не е користена за извршување на тие напади, се наведува во соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер.

Јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за нападот врз нафтениот гигант „Сауди Арамко”, што предизвика блокирање на производството на нафта на повеќе од половина светски дневен извоз на Саудиска Арабија и над пет отсто од дневното светско производство на сурова нафта.

САД објавија сателитски снимки, како и разузнавачки информации, дека Иран е виновен за нападите врз саудиските нафтени постројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот