Помпео со предупредување до Кина: Ова не е време да се шират дезинформации за коронавирусот

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Повикот следува откако Стејт департментот во петокот го повика кинескиот амбасадор, Куи Тјанкаи, за протест поради промовирање теорија на заговор – што привлече големо внимание на социјалните медиуми.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ја предупреди Кина да не шири дезинформации за новиот коронавирус, откако висок службеник во Пекинг промовираше теорија на заговор за вмешаност на САД.

Помпео упати „силни забелешки” на кинеските напори „да ја префрлат вината за Ковид-19 во САД” во телефонскиот разговор со Јанг Jиечи, висок официјален претставник за надворешна политика во Пекинг, соопшти Стејт департментот.

Помпео „истакна дека ова не е време да се шират дезинформации и гласини, туку време за сите нации да се обединат и да се борат против оваа заедничка закана”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Повикот следува откако Стејт департментот во петокот го повика кинескиот амбасадор, Куи Тјанкаи, за протест поради промовирање теорија на заговор – што привлече големо внимание на социјалните медиуми.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лијиан, во твитовите минатата недела и на мандарински и на англиски јазик посочи дека „нултиот пациент” во глобалната пандемија може да потекнува од САД – а не кинески Вухан, каде за првпат се пријавени случаи кон крајот на 2019 година.

„Можеби американската армија ја донесе епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни! Објавете ги вашите податоци! САД ни должат објаснување”, твитна Жао, кој е познат по своите провокативни изјави на социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот