Помпео: Силно ја поддржуваме Северна Македонија за НАТО

Мајк Помпео во посета на Македонија во октомври 2019 година/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Во неговата изјава, која денеска ја објави Стејт департментот, Помпео потенцира дека усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на земјата кон членство во Алијансата, јави Гласот на Америка.

-Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО – се вели во изјавата на Помпео.

Американскиот Сенат вечерва со 91 глас „за” и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

САД се 25-тата членка на НАТО од вкупно 29, што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот