Помпео се закани со санкции за секоја продажба на оружје за Иран

epa08723255 US Secretary of State Mike Pompeo waits to meet with Japan's Prime Minister Yoshihide Suga at the Prime Minister's office in Tokyo, Japan, 06 October 2020. EPA-EFE/Eugene Hoshiko / POOL

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека продажбите на оружје за Иран ќе ги прекршат резолуциите на ОН и ќе доведат до санкции. Тоа се случува откако Техеран објави дека завршило долгогодишното ембарго на ОН за трговија на оружје со Иран.

„САД се подготвени да го санкционираат секој физички и правен субјект кој значително придонесува за испорака, продажба или трансфер на конвенционално оружје од или до Иран. Секоја земја што се стреми кон мир и стабилност на Блискиот Исток и ја поддржува борбата против тероризмот, мора да се воздржи од каков било договор за вооружување со Иран“, се вели во соопштението на Помпео.

Техеран, кој сега може да купува оружје од Русија, Кина и од други места, го поздрави крајот на ембаргото како дипломатска победа над својот непријател, САД, кои се обидоа да одржат неодредено замрзнување на продажбата на оружје.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година и започна еднострано да воведува санкции против Иран.

Помпео нагласи дека „во изминатите 10 години, земјите се воздржуваа од продажба на оружје на Иран под различни мерки на ООН. Секоја земја што сега ќе ја прекрши таа забрана, ќе избере многу јасно поттикнување на конфликтот и заканата по мирот и безбедноста”

(Извор: МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот