Помпео се сретна со австриски бизнисмени

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Виена се сретна со австрискиот министер за финансии Гернот Блимел, како и со претставници на австриски компании.

По средбата, Помпео без да изнесува други детали, констатираше дека САД е втор најважен извозен пазар за Австрија и потенцираше дека двете земји имаат интерес да го истакнат она што им е заедничко, наспроти она што ги дели.

САД и Австрија имаат неколку несогласувања во областа на економијата, па така Вашингтон покрена постапка против Виена поради т.н. „дигитален данок”, а се спорат и во врска со 5Г мрежата и гасоводот Северен тек 2.

За попладнево е предвидена средба на Помпео со шефот на државата Александер ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александер Шаленберг. Помпео, исто така, ќе има средби и со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со кого ќе разговара за актуелниот грчко-турски спор и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот