Помпео: Сакам глобална коалиција против Иран – Слободен печат
ВестиПланета

Помпео: Сакам глобална коалиција против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе воведат нови санкции против Иран од денеска.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран за време на итни консултации на Блискиот Исток.

Помпео го изјави тоа пред да замине во Саудиска Арабија.

Тој нагласи дека сака коалиција, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа, која, како што рече, „го разбрала предизвикот…од најголемиот спонзор за тероризам во светот”.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе воведат нови санкции против Иран од денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close