Помпео: САД создаваат колиција против рускиот гасовод, само се чекаат резултатите за труењето на Навални

 Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон создава коалиција на земји за запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток-2″ и дека САД го чекаат извештајот на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да одговорат на труењето на Алексеј Навални. 

Во интервју за германски Билд, Помпео изјави дека гасоводот носи ризици за Европа, поради зголемената зависност од рускиот енергенс, и дека исто така тоа е ризик и за Украина „нешто за што знам дека Германскиот народ е многу загрижен”. 

На прашањето дали руската Влада треба ги троши милијардите евра што ги добива со продажба на гас, меѓудругото, со плаќање атентатори да користат хемиско оружје против владини опоненти, Помпео одговори дека „САД ставија до знаење дека употребата на хемиско оружје е неприфатлива”. 

Го чекаме извештајот на ОПЦВ, мислам дека треба да биде објавен неделава или следната недела. За тоа како САД ќе одговорат (на нападот со хемиско оружје врз Навални), вие знаете колку жестоко ние одговоривме околу случајот Скрипал, изјави Помпео. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот