Помпео: САД соработуваат со Турција и разгледуваат опции за помош на оваа земја

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Тој соопшти дека САД најостро го осудуваат нападот и дека „режимот на сирискиот претседател Асад, Русија, Иран и Хезболах мораат да ги прекинат нападите врз Идлиб”, пренесуваат агенциите.

САД разговараат со Турција и разгледуваат различни можности како да и помогнат на оваа земја  околу ситуацијата во сириската провинција Идлиб, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

-Ние сме крај нашиот сојузник, членка на НАТО, после бескрупулозниот и дрзок напад врз турските сили во Идлиб, во кој погинаа 33 војници- наведе Помпео во соопштението, изразувајќи сочуство до турската Влада.

Тој соопшти дека САД најостро го осудуваат нападот и дека „режимот на сирискиот претседател Асад, Русија, Иран и Хезболах мораат да ги прекинат нападите врз Идлиб”, пренесуваат агенциите.

Помпео оцени дека „нивните акциии директно го спречуваат воспоставувањето на примирјето на северот од Сирија”.

-САД соработуваат со Турција и разгледуваат опции за помош на оваа земја во борбата против таа агресија, додека се обидуваме да спречиме натамошна бруталност на режимот на САД и Русија и ги намалиме хуманитарните последици во Идлиб- наведе Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот