Помпео: САД се посветени на заштита на правата на лицата со посебни потреби

epa08828787 US Secretary of State Mike Pompeo speaks during a joint statement with Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu (not pictured) in Jerusalem, 19 November 2020. EPA-EFE/Maya Alleruzzo / POOL

САД ја истакнуваат својата посветеност за целосна вклученост на лицата со посебни потреби во животот и општеството, истакна во денешното соопштение државниот секретар Мајк Помпео.

– Горди сме да укажеме на строго почитување на Законот за Американците со посебни потреби на сојузно и приватно ниво, исто така и на другите федерални, државни и локални закони што гарантираат отворен и еднаков пристап до објектите, пазарите, работните места, стоките и услугите, се наведува во изјавата на Помпео.

Тој на Меѓународниот ден на хендикепираните лица најави отворање на Центар за пристап во Стејт департментот – интерактивен објект што демонстрира технологии за помош што ги отстрануваат бариерите за нашите вработени со хендикеп.

Помпео потенцира дека САД ја потврдуваат својата приврзност кон заштита на човековите права на сите, и постигање еднавки можносто во образованието, вработувањето и вклученоста во граѓанскиот живот на луѓето со посебни потреби.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот