Помпео: САД ќе бидат поактивни на Арктикот

epa08560632 Danish Foreign Minister Jeppe Kofod and US Secretary of State Mike Pompeo hold a press conference in Copenhagen, Denmark, 22 July 2020. Mike Pompeo visits Denmark to discuss the Arctic and relations with China. EPA-EFE/Mads Claus Rasmussen / POOL DENMARK OUT

Кофод рече дека американската идеја за купување на Гренланд, која била отфрлена и исмеана од гренландските и данските власти, денеска не беше покрената во разговорите.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека неговата земја ќе стане поактивна на Арктикот за да се спротивстави на растечкото руско влијание и да ги спречи кинеските обиди да се вмеша во регионот.

За време на кратката посета на Данска, Помпео го поздрави повторното отворање на американскиот конзулат во самоуправната автономна територија на Кралството Данска на Гренланд и најави нов договор за соработка со Фарските острови, другата данска територија на северен Атлантик, која ќе вклучува одржлив риболов и зголемен трговски ангажман, пренесуваат американските медиуми.

-Ова е нов ден за САД во Гренланд, им рече Помпео на новинарите на заедничката прес-конференција со данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод.

Американскиот конзулат во Нуке повторно беше отворен во јуни, по неколку децении, а тоа го привлече вниманието на официјалните лица поради интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд, што како тема излезе на површина минатата година.

Кофод рече дека американската идеја за купување на Гренланд, која била отфрлена и исмеана од гренландските и данските власти, денеска не беше покрената во разговорите.

-За тоа се разговараше минатата година, тоа сега не беше на маса, рече тој.

Во разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен, како и со лидерите на Гренланд и Фарските острови, Помпео рече дека тој ја истакна важноста на енергетската независност, особено од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот