Помпео: САД и помогнаа на Украина во борбата против корупција и Русија

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

САД даваат помош на Украина да се бори против корупцијата и оружје за да „војува против Русите”, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во интервју за ТВ каналот „Даблју-Си-Ес-Си”.

Тој ја коментираше и процедурата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и политиката на САД кон Украина.

– Јас бев дел од американската политика во однос на Украина и бевме целосно јасни. Сакавме да ја намалиме корупцијата, со која земјата беше зафатена ужасно долго време, и успеавме во тоа со помош на (украинскиот претседател Володомир) Зеленски, кој има можност тоа да го направи. Претседателот Трамп сакаше да се осигура дека Владимир Путин нема да биде во можност да наштети на украинскиот народ, изјави Помпео.

Тој додаде дека затоа САД испорачале одбранбени оружени системи на народот на Украина, истакнувајќи дека претходната администрација, не успеала во тоа.

– Ние одлучивме да им дадеме вистинско оружје за да можат да војуваат против Русите. Горд сум за тоа како се води политиката на Администрацијата спрема Украина, истакна Помпео.

Истрагата за импичмент на претседателот на САД започна откако од телефонски разговор помеѓу двата претседатели ова лето се дозна дека Трамп наводно условил 400 милиони долари воена помош за Украина со барање Зеленски да искаже јавни заложби дека истражува коруптивни бизнис активности на неговиот политички опонент Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот