Помпео: Распоредувањето дополнителни трупи е заради одвраќање

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Целта на САД е да се избегне војна со Иран, а распоредувањето дополнителни трупи во заливскиот регион е наменето за „одвраќање и одбрана”, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во изјава за Фокс Њуз, тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп би презел акција ако таквите мерки за одвраќање не успеат и оти иранските власти „тоа многу добро го сфаќаат’.

Трамп во петокот одобри распоредување американски сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот на саудиската нафтена рафинерија за која го обвинува Иран.

Техеран негираше вмешаност во нападот, а одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот