Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу Нагорно Карабах

epa08715521 US Secretary of State Mike Pompeo talks to media following his meeting with Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic (not in picture) in Dubrovnik, Croatia, 02 October 2020. Secretary of State Mike Pompeo is on one-day visit in Croatia. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах и нагласи дека се надева оти извештаите за сириски борци кои пристигнуваат во Азербејџан преку Турција не се точни.

Помпео ја даде изјавата по неговата посета на Хрватска, последната станица на неговата мини европска турнеја.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини членката на НАТО – Турција, која го поддржува Азербејџан, за испраќање „џихадистички” борци од Сирија, што и Анкара и Баку негираат.

Во заеднички повик, рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа двете страни да се вратат на разговорите насочени кон решавање на нивниот долготраен територијален спор.

Во неделата избувнаа борби меѓу ерменските и азербејџанските сили поради долготрајниот територијален спор околу Нагорно Карабах. Речиси 200 лица, вклучително и цивили, се убиени во борбите, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот