Помпео: Потребен е дијалог, нема воено решение за конфликтот околу Нагорно Карабах

Фото: EPA

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика политичките лидери на Ерменија и Азербејџан да престанат да разменуваат оган и да посегнат по дипломатијата околу територијата на Нагорно Карабах, бидејќи не е можно воено решение, соопшти Стејт департментот.

Помпео разговараше одделно со ерменскиот премиер Никола Пашињан и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

“Секретарот Помпео ги повика лидерите да ги почитуваат своите обврски и да престанат со непријателствата. Потребен е дијалог, не постои воено решение за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан”, се наведува во соопштението на Стејт департментот

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот