Помпео од Тел Авив одлета на „прв директен и официјален лет” за Судан

epa08621855 US Secretary of State Mike Pompeo gives a joint statement to the press with Israeli Prime Minister Netanyahu after meeting in Jerusalem, Israel, 24 August 2020. EPA-EFE/DEBBIE HILL / POOL

Бидејќи договорот за нормализација на односите меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел беше објавен на 13 август, Помпео се обидува да ги убеди другите арапски земји да се приближат до еврејската држава.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео утринава отпатува од Израел за Судан „на првиот директен лет” од Тел Авив до Картум, на вториот ден од неговата турнеја по Блискиот исток која има за цел да ги нормализира односите на еврејската држава со арапските земји.

Израел и Судан немаат дипломатски односи, а авионот на Мајк Помпео, во случај да не слета некаде во меѓувреме, е првиот официјален директен лет, соопштија американски официјални лица.

На меѓународниот аеродром „Бен Гурион” во близина на Тел Авив, израелски службеник му кажа на Помпео дека станува збор за историски лет.

Помпео вчера се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а денес во Картум ќе се сретне со премиерот Абдула Хамдок и генералот Абдел Фатах ал-Бурхан.

Тој се очекува да „изрази поддршка за продлабочување на израелско-суданските односи” и „транзицијата” во таа земја по три децении автократија на претседателот Омар ал-Башир.

Бидејќи договорот за нормализација на односите меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел беше објавен на 13 август, Помпео се обидува да ги убеди другите арапски земји да се приближат до еврејската држава.

Во февруари годинава, по состанокот со суданскиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан во Уганда, Нетанјаху рече дека се согласил „да почне соработка што ќе доведе до нормализирање на односите меѓу двете земји”, но суданската Влада тогаш негираше дека се разговарало за нормализација.

Минатата недела суданските власти создадоа конфузија со противречните изјави за постоењето контакти со Израел. Портпаролот на суданското МНР ја пофали одлуката на „Емиратите” и рече дека „нема причина за продолжување на непријателствата меѓу Судан и Израел”. Неговите зборови ги поздравија израелските лидери, но неколку часа подоцна, суданскиот министер за надворешни работи Омар Камаредин го критикуваше неговиот портпарол, велејќи дека суданската Влада никогаш не разговарала за прашањето за односите со Израел.

По шестдневната војна во 1967 година, кога Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим, повеќето арапски лидери се состанаа во Картум за да усвојат резолуција „три не”: не за мир со Израел, не за признавање на Израел и не за преговори со еврејската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот