Помпео од Шри Ланка за време на азиската турнеја: Кина е предатор

Фото: EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео за време на денешната посета на Коломбо изјави дека Комунистичката партија на Кина направила „лоши работи” за Шри Ланка. Тој изјави дека Кина е предатор.

– Почнувајќи од лошите работи, кршење на суверенитетот и беззаконие на копно и на море, Комунистичката партија на Кина е прав предатор, додека САД имаат целосно поинаков пристап. Доаѓаме како пријатели, како партнери, истакна Помпео на прес-конференцијата во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Американскиот државен секретар е во посета на азиските држави, со цел да придобие повеќе сојузници против Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот