Помпео од Прага ја почна посетата на централноевропските држави

Американскиот државен секретар Мајк Помпео со денешната посета на Чешка ја почна петдневната турнеја на Централна Европа, а со своите домаќини ќе разговара првенственио за Кина и за 5Г мрежата.

Помпео во Чешка ќе пресојува два дена, а потоа следат посетите на Словенија, Австрија и на Полска. Тој ќе се обиде своите соговорници да ги убеди во изградбата на 5Г мрежата да ја заобиколат кинеската телекомуникациска компанијата Хуавеј, која за Вашингтон претставува закана по националната безбедност.

На агендата на американскиот државен секретар се и разговорите за намалување на енергетската зависност од Русија.

Помпео ќе се сретне со шефот на чешката дипломатија Томас Петрицек во Плезен, каде ќе им оддаде почит на американските војници кои во 1945 година го ослободија градот од нацистите.

За утре е предвидена средба со чешките и американските бизнисмени, со кои ќе разговара за 5Г мрежата, а потоа следи средба со чешкиот премиер Андреј Бабиш и со претседателот Милош Земан.

Помпео в четврток ќе ја посети Словенија при што ќе биде потпишан билатерален договор за безбедносните прашања поврзани со 5Г мрежата.

Истиот ден Помпео ќе има средба и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, со кој ќе разговара за американско-австриската трговија, како и учеството на Австрија во мировните мисии во светот.

Американскиот државен секретар в сабота треба да ја посети Полска, каде ќе разговара за распоредување на трупите кои се повлекуваат од Германија.

Пентагон неодамна објави дека од Германија се повлекуваат 6.400 американски војници, а 5.600 војници ќе бидат распоредени во другите земји-членки на НАТО. Претходно, полското Министерство за одбрана соопшти дека во земјата е бидат распоредени најмалку илјада војници и ќе се воспостави структура на источното крило на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот