Помпео: НАТО мора да се адаптира за да се спротивстави на заканите од руска агресија

фото EPA-EFE/TOM BRENNER

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека НАТО треба да са адаптира за да се спротивстави на заканите на руската се посилна агресија, кинеската стратешка конкурентност и неконтролирана миграција.

– Мораме да ја адаптираме нашата Алијанса за спротивставување на се поголемите закани, без оглед дали станува збор за руска агресија, неконтролирана миграција, кибер напади, закани за енергетската безбедност, кинеската стратешка конкурентност, вклучувајќи технологија и 5Г и многу други прашања, изјави Помпео во воведниот говор на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот