Помпео најави турнеја низ Источна Европа

Во последните месеци американската војска се фокусираше на заштита на своите сателити од конкурентските земји.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека ќе посети неколку европски земји. Турнејата ќе започне на 11 август и ќе ги опфати Полска, Чешка, Словенија и Австрија.

– Ова ќе биде „многу важна и плодна турнеј –  вели Помпео.

Како што пренесува Дојче веле, тој ги коментира и разговорите со Русија за стратешката стабилност.

– Постигнавме напредок. Имавме две средби. Се надевам дека ќе се одржи уште една средба наскор0 – додаде државниот секретар.

Консултациите меѓу двете делегации, на кои се разговараше за прашања од меѓународната безбедност и контролата на оружјето, се одржаа од 27 до 30 јули во Виена.

Во последните месеци американската војска се фокусираше на заштита на своите сателити од конкурентските земји. Антисателитското оружје на овие земји претставува закана за американската орбитална група.

Вселенската команда неодамна соопшти дека има докази дека Русија тестирала вселенско ракетно оружје. Москва ги отфрли овие обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот