Помпео најави дополнителни 225 милиони американски долари за борбата против пандемијата

Тој, истовремено, најави дека САД со дополнителни 225 милиони долари ќе помогнат во глобалната борба за сузбивање на пандемијата на коронавирусот и потсети дека од претходно веќе се обезбедени 274 милиони долари за 64 земји низ светот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска најави дополнителни 225 милиони американски долари помош за глобалната борба против пандемијата на коронавирусот, но кажа и дека администрацијата на претседателот Трамп ќе ја задржи неопходната медицинска помош за снабдувањето во САД, со оглед на огромните домашни потреби.

-Во моментов, со оглед на големата потреба за лична заштитна опрема во нашата земја фокусот ќе ни биде на задржување на неопходната медицинска опрема во САД, рече Помпео на прес конференцијата во Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Тој, истовремено, најави дека САД со дополнителни 225 милиони долари ќе помогнат во глобалната борба за сузбивање на пандемијата на коронавирусот и потсети дека од претходно веќе се обезбедени 274 милиони долари за 64 земји низ светот.

-Овие дополнителни средства ќе бидат искористени за активности за спречување на ширењето на високо заразниот коронавирус преку дијагностиката, превенцијата и контролата, на засилувањето на здравствените системи, подготовка на лаборатории и обука на здравствените работници, кажа уште Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот