Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

 За да се обноват заедничките заложби за унапредување на безбедноста, мирот и просперитетот во Источниот Медитеран, но и за одбележување на најсилните американско – грчки односи во последните децении, како што соопштуваат од Стејт Департментот, американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе ја посети Грција, а утре и задутре, во Солун и на Крит, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Никос Дендиас и премиерот Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Утре во Солун со Никос Дендиас ќе разговараат за прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес со акцентот ставен на стратешкиот дијалог Грција –САД, на одбранбената и енергетската соработка, како и на случувањата во поширокиот регион на Источниот Медитеран.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Д-р Митов: Медицината конечно се приближи кон превентива

Дополнително, американскиот државен секретар во Солун ќе потпише билатерален договор за наука и технологија, а со бизнис лидерите во енергетскиот сектор ќе разговара за потенцирање на диверзификација на енергијата и инфраструктурните проекти во Грција.

Во вторник, Помпео и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посетат воената база во Суда на островот Крит, за, како што соопштија од Стејт Департментот, „да се нагласи силното безбедносно партнерство на САД со НАТО сојузникот –Грција”.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео од денеска до 2 октомври ќе ги посети Грција, Италија, Светата столица и Хрватска. 

Поврзани вести

ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Слободен печат

ВИДЕО: Меркел ја затвора Германија, карантин од 2 ноември

Слободен печат

Рекордни 870 новозаболени во Македонија, 14 пациенти починаа

Слободен печат

Маричиќ: Целта на предлог-законот е пописот повеќе да не биде политичко прашање

Илинка Иљоска

Болниците во Словенија бараат волонтери, расте бројот на заразени лекари

Илинка Иљоска

Маричиќ: Зошто да не се обидеме и судењата да бидат онлајн?

Слободен печат

Остави Коментар