Помпео: Кина на одвратен начин ја злоупотребува смртта на Џорџ Флојд

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американските власти денеска ја обвинија Кина дека на „одвратен начин” ја злоупотребува смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското апсење.

-Кинеската комунистичка партија на одвратен начин ја користи трагичната смрт на Џорџ Флојд за да го оправда своето авторитарно негирање на човековото достоинство и уште еднаш го покажува своето вистинско лице, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според Помпео, како и во сите диктатури низ историјата „ниту една лага не е доволно груба кога е во интерес на владејачката партија”.

Тој оцени дека разликата меѓу двете земји може јасно да се види.

-Нашиот печат е слободен и ги покрива сите настани од почеток до крај за да може целиот свет да разбере што се случува, рече Помпео.

Кинеските власти неодамна обвинија дека во САД постои „хронична болест” на расизмот, оценувајќи дека во оваа земја се користат двојни стандарди.

Кинеското Министерство за надворешни работи го спореди насилството во САД против расизмот по смртта на Флојд со протестите што го потресоа Хонг Конг минатата година.

-Зошто САД ги сметаат за херои поддржувачите на насилството и таканаречената независност на Хонг Конг, а оние кои го осудуваат расизмот ги смета за криминалци, рече неименуван портпарол на кинеската дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот