Помпео: Ќе продолжиме со преговорите со Северна Кореја

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека американската дипломатија ќе продолжи да работи на денуклеаризација на Северна Кореја, еден ден откако официјалниот претставник на Северна Кореја рече дека неговата земја повеќе не сака Помпео да учествува во преговорите.

– Ништо не е сменето. Ќе продолжиме со преговорите, уште сум на чело на тимот. Претседателот Доналд Трамп, секако, е на чело на целата дипломатија, но тимот ќе биде мој, истакна Помпео во Вашингтон.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА вчера соопшти дека Пјонгјанг не сака повеќе американскиот државен секретар Мајк Помпео да учествува во нуклеарните преговори.

– Се плашам дека атмосферата ќе биде лоша и дека разговорите повторно ќе дојдат во застој ако Помпео продолжи да учествува во преговорите, изјави претставникот на севернокорејското Министерство за надворешни работи Квон Џонг-гун.

Тој додаде дека при евентуално продолжување на дијалогот со САД, во кој нема да учествува Помпео туку „повнимателно и позрело лице во комуникациите”.

– Никој не може да ја предвиди ситуацијата на Корејскиот Полуостров ако САД се откажат од клучната причина поради која Пјонгјанг е принуден да развива нуклеарна програма, посочи Квон, без да ја прецизира изјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот