Помпео: Ќе ја почнеме транзицијата на власта

Фото: EPA-EFE/MENAHEM KAHANA / POOL

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео изјави дека Стејт департментот го почнал процесот за разгледување на одлуката на Агенцијата за општи работи (ГСА) за почеток на транзицијата на власта меѓу администрациите на претседателот Доналд Трамп и новоизбраниот претседател Џозеф Бајден.

-Денес го почнавме процесот, за да видиме каква е одлуката на ГСА, и да сториме се што налага законот. Ние ќе ја завршиме работата, рече Помпео синоќа, пренесен од британските медиуми.

Британските медиуми проценуваат дека со оваа изјава „Помпео навести дека Стејт департментот го почнал процесот на транзиција”.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно вчера кажа дека ГСА не одредува кој ќе биде следниот американски претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот