Помпео ја почнува од Париз евроазиската турнеја низ седум земји

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Париз ја почнува својата евроазиска турнеја низ седум земји, во деликатен момент откако сите лидери на државите кои ќе ги посети веќе му ја честитаа изборната победа на Џо Бајден.

Тој, како и мнозинството од неговата Републиканска партија, не ги прифаќа резултатите од претседателските избори во САД, па тоа би можело да фрли сенка врз неговата евроазиска турнеја, при што ќе ги посети Франција, Турција, Грузија, Израел, ОАЕ, Катар и Саудиска Арабија.

– Помпео е мој соговорник од американската Влада до 20 јануари 2021. Тој пристигнува во Париз и јас ќе го примам, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дријан, најавувајќи сериозни разговори околу прашања поврзани за тероризмот, Ирак, Иран, Блискиот Исток и Кина.

Односите меѓу актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и шефот на француската држава Емануел Макрон се прилично тензични.

Макрон разговараше пред четири денови со Бајден и му ја честиташе победата на изборите, но министерот Ле Дријан сепак сугерира дека францускиот претседател би можел да го прими Помпео за време на неговиот престој во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот